
Самитот на НАТО идната недела во Хаг е најскапиот досега и проценетите трошоци изнесуваат 183,4 милиони евра. Врз основа на времето во кое светските лидери ќе се сретнат, според холандскиот весник „AД“ трошоците за самитот ќе изнесуваат нешто повеќе од милион евра по минута.
Светските лидери ќе одржат формален „Северноатлантски совет на ниво на шефови на држави и влади“ на Светскиот форум во Хаг идната среда во 10:30 часот.
Предвидено е состанокот да трае 2,5 часа, а генералниот секретар на НАТО, Марк Руте ќе одржи завршна прес-конференција во 14 часот, објави „НЛ Тајмс“.
На секој од претходните самити на НАТО во Вашингтон, Вилнус и Мадрид, светските лидери одржаа три такви состаноци.
Овој пат, Руте се одлучи за само еден состанок поради „темпераментот“ на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјавија извори од НАТО за весникот.
Тоа го прави овој самит најскап досега, кога ќе се земе предвид времето што лидерите всушност ќе го поминат на состанокот, но е исто така меѓу најскапите во апсолутни износи.