Skip to main content
Македонија

Вонредно известување од ЦУК до жителите на Стајковци и Арачиново

18/06/2025  20:30

Центарот за управување со кризи информира дека од УХМР известуваат дека нестабилна воздушна маса во моментот е задржана на подрчјето на Стајковци-Арачиново и Скопска Црна Гора и во наредниот период ќе се задржи.

„Во моментот невремето е проследено со поголема количина на врнежи град и силен ветер. Бидејќи воздушната маса ќе се задржи на тоа подрчје можно е да предизвика и поплава

Апелираме до граѓаните во овие подрачја:

– Да останат во своите домови;

– Да избегнуваат движење низ поплавени или потенцијално небезбедни зони;

– Да ги заобиколуваат поплавените улици и подвозници;

– Да ги отстранат предметите од дворовите кои би можеле да ги однесе ветерот или водата;

– Да ги следат препораките од надлежните институции.

Центарот за управување со кризи е во координација со сите релевантни служби и ја следи состојбата во ризичните подрачја.

Во случај на потреба или опасност, јавете се на 112“ велат од ЦУК.