
60-годишниот Е.Ј. од Виница заработи кривична пријава, бидејќи на 03.06.2025 на социјална мрежа, по претходно добиен отказ од фирма од Кочани, упатувал закани на Б.П. и неговото семејство.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Е.Ј.(60) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
На 03.06.2025 на социјална мрежа, по претходно добиен отказ од фирма од Кочани, пријавениот упатувал закани на Б.П. и неговото семејство, се наведува во полицискиот билтен.