
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски сподели дека местото Покрсти го добива својот лик, а дека Скопје добива уште едно рекреативно место.

„Сместено во чиста и зелена средина, со чист планински воздух и поглед над цело Драчево и околината, ова ново место доби асфалтирана рекреативна патека, а во тек се активностите за изградба на плоштад, вело патеки, урбана опрема итн – сѐ на сѐ едно катче каде што посетителите ќе можат да одморат и да уживаат во природа. Големите дела не се остваруваат со сила, туку со упорност, посветеност и многу љубов, истакна Ѓорѓиевски во својата објава.