
Лисица вечерва се појавила во скопската населба Усје, општина Кисела Вода.
На фотографијата испратена од читател се гледа лисица близу куќите.
Ова е трета локација во Скопје каде се имаат појавено лисици.
Прво беа забележани во Козле, а утрово и во близина на парк шумата Гази Баба.
Засега, нема реакции од надлежните додека граѓаните стравуваат за својата и безбедноста на децата.