
Денеска (15.06.) во СВР Велес пријавено е дека околу 02.00 часот, на делницата од автопатот А1, во правец од Велес кон Скопје, односно пред приклучокот од Велес кон Скопје, патничко возило „Фолксваген тирок”, управувано од Ф.Ф.(32) од Република Косово, излетало надвор од коловоз.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник Ф.М.(25) од Република Косово, а констатирани во Општата болница Велес, по што поради сериозноста на повреди биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје.
По насоки на надлежен ЈО извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес.