Skip to main content
Хроника

Маж од Берово мачел животни: Со воздушна пушка пукал во куче

07/11/2024  17:59

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Д.Ш.(37) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење на животни“.

„На 11.10.2024, пријавениот со воздушна пушка пукал во куче сопственост на Д.К.“, информира МВР во дневниот полициски билтен.