Skip to main content
Хроника

Тешка сообраќајка во Прилеп – три лица се повредени

09/06/2025  14:43

Вчера во 13.25 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп-манастир „Трескавец”, на место викано „Под манастир“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „кадилак“ со американски национални ознаки, управувано од З.К.(42) од Република Србија, со привремен престој во Прилеп и мотоцикл „хамачи“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Т.С.(64) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека со телесни повреди неговата сопатничка С.С.(56) од Прилеп и возачот на патничкото возило „кадилак“, констатирани во Градската општа болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Прилеп.