
Владата денеска информираше дека Канцеларијата на премиерот отворила нова телефонска линија специјално наменета за повредените од Кочани и нивните семејства.
„Во првата фаза, ги повикуваме сите повредени и нивните семејства да се јават, да ги изнесат своите барања кои ги имаат, предлози и конкретни потреби“ рече денеска портпаролката на Владата, Марија Митева.
Пред два дена пак, во владиниот прес-центар беше организирана дебата „Кочани е нашиот приоритет“ каде директори на неколку институции се фалеа како им помагаат на повредените и нивните семејства.
Но додека Владата тера дебати и отвора телефонски линии, дел од повредените и нивните семејства јавно се жалат дека се заборавени од државата и се препуштени самите да се снаоѓаат со трошоците за рехабилитација.
И наместо институциите, граѓаните се тие што први и се чини и последни им помагаат на настраданите.
Така, вчера од Support Kocani“ соопштија дека се собрани и донирани 600.000 евра за жртвите од пожарот во Кочани, а преку донации помогната е и болницата во Кочани која очигледно нема капацитет да пружи целосно услуги за сите повредени.
Семејствата на загинатите и повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ секоја сабота се на улиците низ Кочани за да бараат правда и одговорност, но и да се пожалат на игнорантскиот однос на институциите.