
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска на социјалните мрежи објави дека член на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајкот на патиштата, излгасан од Собранието ѝ се заканувал и ја навредувал на социјалните мрежи

„Звонко Тасевски со Одлука на Собранието на ВМРО и ВЛЕН е избран за член на Републичкиот совет за безбедност на 12.11.2024 година. Звонко обучува полицајци од МВР, каде треба да пријавам закани. Звонко напаѓа, навредува и девалвира жени по нарачка. Не биди Звонко!
Со докази за криминал, ги бараат сите можни изговори за да не влезат во општина пред таму да ги уништат сите документи.
Сите НЕЗАКОНСКИ обиди за легализирање дивоградби им се фатени, нотирани и институционално се известувани 3 години, а фалсификатот со докази кои ги имаме го прават на 20.03.2025 година!
Затоа што никој од вработените во град Скопје нема да дозволи некој да се богати со овој фалсификат, јас сум должна да ги заштитам и да не дозволам да се случува баш ова што се случува.
За заканите од криминалот на Ганиу, Меџити и Адеми зборувам јавно, а премиерот вели дека му е жал и да пријавам во МВР, но не сум била добра жена.
Во исто време даваат наредба во штаб да ме напаѓаат, девалвираат и навредуваат по сите основи како човек и жена, но изгледа не им е јасно дека нема да се повлечам. А вие срам имате ли?„ пишува Арсовска.