
За понеделник, 9 јуни, во Собранието на Република Северна Македонина е закажана седницата за избор на нов министер за здравство, како и заменици министри, дознава 24Инфо.
Според нашите извори Албрим Хоџа ќе биде заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Премиерот Мицкоски посочи дека минатата недела е донесена одлуката за нов министер за здравство да биде именуван Азир Алиу, а апликацијата до Парламентот е доставена во петокот.
Азир Алиу е поранешен министер за информатичко општество и администрација и е дел од Алијансата за Албанците која остана во коалицијата Вреди, по оставката од 15 мај годинава на Арбен Таравари и неговата одлука да замине во опозиција.