Skip to main content
Хроника

Струмичанец нападнат од маж пред Градската капела во Струмица

04/06/2025  14:34

Вчера на пладне во струмичката полиција било пријавено дека во утринските часови пред Градската капела во Струмица, М.С. (40) од село Баница бил физички нападнат од својот соселанец И.В.

„На 03.06.2025 во 13.20 часот во СВР Струмица, М.С.(40) од с.Баница, струмичко, пријавил дека во 06.00 часот пред Градската капела во Струмица бил физички нападнат од И.В. од с.Баница“, стои во полицискиот билтен.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.