
На 03.06.2025 околу 17:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, после с.Трпејца, З.И.(58) од с.Лескоец, охридско, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мопедот излетал од коловозот.

Во несреќата, З.И. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото извршила екипа на СВР Охрид.