Skip to main content
Хроника

Уапсен 25-годишен охриѓанец за дрога

04/06/2025  13:56

Вчера во 18.40 часот на пресек на булевар „Туристичка“ со улица „Бистрица“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишија од слобода Д.С.(25) од Охрид затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. Подоцна со судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом и пронајдени и одземени се марихуана и дробилкла со остатоци од марихуана, информираа од МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.