
На 02.06.2025 во 13.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улица „7 Ноември“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „томос“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 19 годишно лице од Охрид и мопед „педа“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 65 годишно лице од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 65 годишниот возачот, а со телесни повреди се здобил 20 годишниот сопатник на мопедот „томос“, констатирани во Општа болница во Охрид, информираат од МВР.