Skip to main content
Спорт

Македонските куглари изборија пласман во четвртфиналето на СП

04/06/2025  12:21

Македонската кугларска репрезентација ќе игра во четвртфиналето на Светското првенство во Унгарија.

По одигрувањето на последното коло од Д-групата, Македонија го освои второто место зад Чешка, а пред Хрватска и Франција и обезбеди пласман помеѓу осумте најдобри на репрезентации.

Македонските куглари загубија од Чешка со 2:6, а ги совладаа Хрватска со 5:3 и Франција со 7:1.

Во четвртфиналето на Мундијалот 2025, Македонија ќе игра против Австрија, која го освои првото место во Б-групата.

Натпреварот ќе се игра утре (5 јуни) со почеток во 12:30 часот.

Во женска конкуренција, Македонија не ја помина групата по поразите од Хрватска и Словенија и нерешениот исход со Естонија.