Skip to main content
Свет

Орбан: Евентуалното членството на Украина во ЕУ ќе и наштети на Унгарија и ќе има последици по Европа

04/06/2025  12:11

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан повторно го критикуваше евентуалното членство на Украина во Европска Унија и најави дека „сè ќе направи“ за да го спречи тоа.

– Украина би го проголтала секое евро, форинта и злота што досега ги потрошивме за зајакнување на европските семејства, европските земјоделци и европската индустрија … За 10 години, не би бил мирен пред себе, пред своите деца и земјата ако не направам сè за да ги заштитам Унгарија и ЕУ од сонот на Брисел за пристапување на Украина, посочи Орбан.

Украина официјално аплицираше за членство во 2022 година, а пристапните преговори ги почна во јуни 2024 година. Лидерите на ЕУ ја одредија 2030 година како прелиминарен датум за потенцијалниот влез на Украина.

Унгарија како земја-членка на ЕУ има право на вето во секоја фаза од процесот.