Skip to main content
Македонија

Аднан Азизи назначен за шеф на Централниот изборен штаб на коалицијата „Вреди“

04/06/2025  09:16

Пратеникот Аднан Азизи вечерва беше назначен за шеф на Централниот изборен штаб на коалицијата „Вреди“ на настан што се одржа во Македонската филхармонија во Скопје.

Претседателот на партијата „Алтернатива“, Зеќирија Ибраими, изјави дека со формирањето на штабот, коалицијата ја потврдува својата подготвеност за заеднички настап на локалните избори наесен.

Тој најави и дека се разгледува можноста „Вреди“ да се трансформира во единствена политичка партија, потенцирајќи дека коалицијата веќе функционира како заеднички субјект.