Skip to main content
Скопје

Во Градски парк настан Еуромеланома за превенција и заштита на детската кожа

04/06/2025  09:20

Во Градски парк на Школка денеска со почеток во 15 часот ќе се одржи настан Еуромеланома, на кој граѓаните ќе имаат можност за бесплатен преглед на бемки, лезии или дамки сомнителни за рак на кожа со дермоскоп од страна на искусни дерматолози.

Како што соопштија организаторите, дерматолозите ќе советуваат, едуцираат и информираат за соодветната заштита и превенција.

Оваа година, фокусот на Европската кампања е на превенција и заштита на детската кожа, при што ќе има програма за најмалите посетители, музика, посета од маскоти Маша и Медо, цртање на лице со аниматор и подароци.