
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ја коментираше победата над Американецот Томи Пол во четвртфиналето на Грен слемот „Ролан Гарос“.
– Секогаш е забавно да се игра овде во Париз. Морам да кажам, знам дека сакавте да гледате повеќе тенис, но морам да се извинам за тоа – им порача Алкараз на гледачите по мечот.
Шпанецот победи со 6:0, 6:1, 6:4 за 1 час и 34 минути.
– Морам да ја работам својата работа. Но, повторно, одлично е да играм пред сите вас. Се чувствувам одлично. Имам неверојатна енергија. Сè што можам да кажам е многу благодарам што дојдовте и давате поддршка на тенисот. Моите чувства беа неверојатни, се обидов да дадам 100 проценти, без разлика на се, изјави шпанскиот тенисер.
Во полуфиналето Алкараз ќе игра против Италијанецот Лоренцо Мусети.