Skip to main content
Култура

Отворање Спомен соба и промоција на биографски филм за Вера Кличкова – основачот на Етнолошкиот музеј

04/06/2025  09:06

Во Музејот на РС Македонија денеска ќе биде отворена Спомен соба и ќе се одржи промоција на биографски филм за Вера Кличкова – основачот на Етнолошкиот музеј и пионерот во создавањето етнолошки филмови во Македонија.

Како што наведуваат од Музејот, во спомен собата се презентирани реставрирани оргинални предмети, документи и лични предмети, како и мебелот од канцеларијата во која Кличкова работела како директор цели 26 години.

Во филмот, за значењето и достигнувањата на Вера Кличкова во етнологијата и музеологијата и создавањето на етнолошките филмови зборуваат нејзини современици и колеги, со што се надопoлнува сликата за целосната посветеност и љубовта кон професијата, како и нејзината значајна улога во целокупниот општествен живот во Македонија.

Автори на филмот се Јован Шурбаноски и Елизабета Конеска, а промотивна реч ќе одржи Владимир Ангелов, виш филмолог во Кинотеката, навдуваат од Музеј на РС Македонија.