Skip to main content
Хроника

МВР поднесе прекршочна за нелегалниот приклучок на фекална канализација што го откри Данела

03/06/2025  12:37

СВР Скопје изврши увид на бул. „Словенија“ во врска со пријавата за нелегален приклучок од фекална во атмосферска канализација за потребите на објект сопственост на правно лице од с.Глумово, општина Сарај. Овој приклучок го откри градоначалничката Данела Арсовска.

“Притоа е констатирано дека на булеварот е извршен наведениот ископ, по што од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје кон правното лице и одговорното лице во правното лице се преземени соодветни мерки и поднесена е прекршочна пријава согласно член 14 од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата”, велат од МВР.