„Кроација ерлајнс“ ќе побара 92,5 милиони евра државна помош

Авиокомпанијата „Кроација ерлајнс“ ќе побара помош од државата во висина од 700 милиони куни (92,5 милиони евра).

Тоа треба да биде доволно за компанијата да го надмине падот на прометот заради коронавирусот и за понатамошен развој на возниот парк за да може да биде конкурентен на пазарот, пишува „Јутарњи лист“.

Компанијата проценува дека загубата на крајот на годината би можела да достигне околу 150 милиони куни (19,8 милиони евра) во однос на минатогодишниот дефицит од 79,3 милиони куни (скоро 10,5 милиони евра). Останатите 550 милиони куни државна помош (72,7 милиони евра), според препораката на финансиски советници, треба да бидат инвестирани во натамошен развој на флотата.

Треба да знаете
Последни објави