Search

Со „мерцедес“ тешко повреден десетгодишен велосипедист во Гостивар

На 13.06.2020 во 13.30 часот било пријавено дека во Гостивар на ул.„101“, Џ.Ш.(50) од Гостивар, управувајќи патничко возило „мерцедес“, со гостиварски регистарски ознаки, удрил во велосипед, управуван од 10-годишник од Гостивар. Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Гостивар, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа екипа од Полициската станица Гостивар.

Треба да знаете
Последни објави