Skip to main content
Скопје

„Вози право, вози здраво“, најмасовниот вело настан на скопските улици

01/06/2025  08:41

Денеска во Скопје ќе се одржи деветтото издание на „Вози право, вози здраво“, во организација на Стопанска банка АД – Скопје.

И оваа година, по деветти пат, метежот на улиците низ Скопје ќе го прават велосипеди, тротинети, ролерки, бебешки колички, скироли и други еколошки превози средства кои не ја загадуваат животната средина.

Стартот во 17 часот е од Порта Македонија, од каде ќе се вози низ улиците во центар до Градскиот парк, каде што ќе се организира голема забава со многу музика и лотарија со вредни награди за учесниците.

Оваа година учесниците на „Вози право, вози здраво“ имаат можност да освојат 9 Specialized велосипеди + 1 Specialized електричен велосипед, 9 Garmin часовници + 1 електричен тротинет, 9 сетови за велосипед (кациги и очила) + 1 ваучер од Град Скопје, како и многу други подароци.