Skip to main content
Спорт

Челси по пресврт до титулата во Лигата на Конференциите

29/05/2025  07:45

Фудбалерите на Челси ја освоија Конференциската лига на УЕФА откако убедливо го победија Бетис во финалето по пресвртот.

Финалето во полскиот град Вроцлав на „Тарчински Арена“ заврши со резултат 4:1 за лондонските „сини“.

Тимот предводен од Енцо Мареска губеше со 0:1 на полувреме, но постигна четири гола во вториот дел и не остави никаква сомнеж за својата супериорност.

Езалзули отвори во деветтата минута за Бетис, а Фернандез во 65-та, Џексон во 70-та, Санчо во 83-та и Каиседо во 91 минута ги реализираа погодоците за лондонскиот тим.

Екипата постигна успех за историјата станувајќи првиот тим во светот што ги освои сите трофеи на европските клупски турнири – Лигата на шампионите, Лигата на Европа, КНК и Суперкупот на УЕФА.