Skip to main content
Македонија

Уште едно лице осомниченo во предметот за пожарот во „Пулс“: Ќе го гонат сопственикот кој го изнајмил објектот

28/05/2025  11:30

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка со која ја прошири истрагата за пожарот во кочанската дискотека “Пулс” спрема уште едно лице, кое исто така е осомничено како соизвршител за -Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик.

Јавното обвинителство до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки за претпазливост.