
Скопје е град познат по сообраќајниот хаос.
Скоро секој вози како сака, паркира каде сака, кршејќи бројни сообраќајни правила.
На ова не се имуни ниту службените владини автомобили. И тие често ги кршат сообраќајните правила на штета на останатите учесници во сообраќајот.
Последен таков пример е од утрово каде се гледа службено возило најверојатно од министерството за енергетика како е паркирано на пешачка зона односно на тротоар.
Претходно два автомобили на истата локација беа паркирани на самата улица Македонија, но очигледно дека безобѕирното однесување на владините автомобили продолжува.