Skip to main content
Балкан

Вучиќ јаде сардини и испраќа порака: „Ми се врати енергијата, заедно ќе ја направиме Србија уште поубава“

27/05/2025  00:25

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави ново видео во кое, со сардини во рацете, им се обраќа на граѓаните со емотивна и мотивирачка порака. Во видеото тој се потсетува на детството, но и најавува нови активности насочени кон подобрување на животниот стандард во земјата.

„Кога бев мал, татко ми постојано ни велеше мене и на брат ми да јадеме јаболка и сардини – веројатно затоа што е здраво, а јас бев слаб како гранка“, раскажа Вучиќ, додавајќи дека денес повторно ја чувствува „таа чудна енергија“ која ја загубил во последните недели.

Вучиќ во видеото јаде сардини од индонезиско потекло и истакнува дека, иако има уште девет часа работа пред себе, подготвен е со полна сила да продолжи да работи за доброто на Србија.

„Сега знам дека сакам, дека можам – заедно со вас, Србија ќе ја направиме уште поубава. Ќе продолжам да се среќавам со луѓе, особено со младите што зеле кредити за станови и куќи, за да разговараме за подобрување на нивниот животен стандард – од платите до пензиите“, рече Вучиќ.

На крајот, тој се заблагодари за поддршката од граѓаните и порача:

„Овие сардини ќе ме направат уште посилен. Никој не може да ја победи Србија кога сме обединети и кога работиме сите заедно.“

Линк до видеото