
Тетовската полиција вечерва соопшти детали за инцидентот што го вознемири градот – непознати лица со скутери пукале со автоматска пушка кон куќа во Теке тетовска населба. За среќа, нема повредени.
Нападот се случил вечерва околу 21:15 часот на улица 111 во Тетово. Според пријавата до полицијата, напаѓачите отвориле оган кон куќата сопственост на М.Т. од Тетово, по што веднаш побегнале од местото на настанот.
Полицијата на терен пронашла околу 30 чаури од автоматска пушка. Во моментот на нападот, во куќата се наоѓале сопственикот и членовите на неговото семејство, но за среќа никој не е повреден. Евидентирана е материјална штета на објектот.
Случајот е пријавен до јавен обвинител, а екипи од СВР Тетово извршија увид на местото на инцидентот. Во тек е интензивна истрага за пронаоѓање на сторителите и целосно расветлување на нападот.