Општина Кисела Вода во училишниот двор на ООУ „Рајко Жинзифов” и во населбата Расадник засади јавори, софори и топчести багреми, високи над 3 метри. Општината како и досега, така и во периодот што следува ќе продолжи со активностите за зазеленување на својата територија.