
Цените на горивата се намалуваат од вечерва на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика РКЕ.
ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за 0,5 денари, односно од утре ќе се продава по цена од 75 денари по литар. За 0,5 денари се намалува цената и на ЕУРОСУПЕР 98+, односно ќе се продава по цена од 77 денари по литар.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 1,5 денари, односно од утре ќе изнесува 65,5 денари.
Се намалува и цената и ЕКСТРА ЛЕСНОТО МАСЛО за домаќинство за 1 денар, односно ќе изнесува 68 денари.
Цената на мазутот се зголемува за 0,6 денари, и од утре ќе изнесува 37,4 денари по килограм.