Skip to main content
Македонија

Три илјади граѓани трчаа за Кочани низ Македонија

25/05/2025  16:03

Над 3.000 граѓани во седум градови денеска истовремено трчаа за Кочани во рамките на одбележувањето на Денот на Европа. Хуманитарната трка „Сите за Кочани-трчаме заедно“ се одржа во Скопје, Битола, Тетово, Струмица, Велес, Струга и Крива Паланка во знак на сеќавање на 62-те жртви на пожарот од Кочани и за помош на повредените.

„Процесот на лекување и тагување е долг и тежок. За семејствата ова е најтешкиот период. Ние сме тука за да испратиме силна порака на солидарност“, изјави Михалис Рокас, амбасадорот на ЕУ во земјава.

Меѓу учесниците имаше и деца, кои рекоа дека учествуваат за да им помогнат на нивните врсници од Кочани кои се лекуваат од повредите.Во сите градови беа доделени признанија на најдобрите во машка и во женска конкуренција.

Трката беше организирана од Делегацијата на Европската Унија и мрежата Европска куќа по повод Денот на Европа, со цел собирање средства за семејствата на настраданите во кочанската трагедија. Средствата од котизациите ќе бидат донирани на Црвениот крст и насочени кон поддршка на заедницата во Кочани.