Skip to main content
Македонија

Летни температури нема, и понатаму ќе биде невообичаено ладно за месец мај!

25/05/2025  08:18

Под влијание на ладен и влажен воздушен бран од север и од североисток, денешниот ден (недела 25 мај) во нашата Република Македонија ќе биде многу ладен и дождлив насекаде, Локално, особено во јужните и во источните предели врнежите ќе бидат обилни (во овие предели ќе наврнат нови над 20/30 литри дожд на метар квадратен).

Поради падот на температурте, на планините со надморска височина од над 1600/1700 метри ќе има повремени врнежи од снег, со што можно е формирање на помала снежна покривка.

И во Скопје и околината денешниот ден (недела 25 мај) ќе биде дождлив и ладен.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен во Повардарието каде повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Температурите ќе бидат значително потпросечни за овој период од годината и тие ќе се искачуваат во интервалот само од 10 до 18 степени. Во Скопје температурата денес (недела 25 мај) ќе се искачи само до околу 15 степени.

Потпросечните температури на воздухот ќе се задржат и во периодот од (понеделник 26 мај, до недела 1 јуни). Понеделник (26 мај) ќе биде претежно стабилен и сув ден, додека ново дестабилизирање на атмосферата и нови врнежи ни следуваат веќе од вторник (27 мај).