Skip to main content
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Обединетото Кралство значи инвестиции и сигурна реализација на капитални проекти

24/05/2025  15:46

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

СДС ја задолжија и опљачкаа државата, а народот го осиромашија.

СДС се тие кои ја заглавија во долгови државата, а не реализираа ниеден проект.

Седум години СДС ја задолжуваше државата, а со парите наместо да се реализираат капитални проекти кои ќе ја повратат инвестицијата и ќе го подобрат животот на граѓаните, тие завршуваа во приватни џебови.

Така, сега, имаме партиска елита на СДС на чело со Венко Филипче, кој му го чува местото и грбот на Зоран Заев, која вложува во милионски бизниси по Дубаи, од каде што имаат и златни визи.

Постојат идниции и сомнежи дека имаат и акции во индиска авиокомпанија, за што СДС и Венко Филипче ниту негираат, ниту потврдуваат од каде им се парите.

Додека тие се богатеа, последиците од нивното седумгодишно владеење, се уште се чувствуваат. Државата ја оставија во урнатини, со уништени институции и на раб на банкрот.

За разлика од тогаш и матните договорите кои што СДС го склучуваше, сега Македонија постигнува договори за стратешко партнерство со моќни држави.

Стратешкото партнерство со Велика Британија ја зацврстува соработката меѓу двете земји и отвара инвестициски циклус и сигурна реализација на капитални проекти кои ќе ја трансформираат државата.

Ќе се подобруваат условите во здравството, ќе се градат и реконструираат болници, ќе се вложува во образованието со изградба на нови медицински факултет и студентски дом.

Дел од договорот е и изградбата на брза пруга од Табановце до Гевгелија, така што ќе се изгради уште една коловозна лента за побрз патнички и товарен сообраќај.

Сето ова ќе значи значително заживување, раст и развој на економијата, зголемување на БДП, а со тоа и повисоки плати, подобри услови за живот и подобар животен стандард за сите.

СДС и Венко Филипче се синоним за криминал, корупција и предавства.