Skip to main content
Култура

Оркестарот на АРМ утре со едночасовен концерт во Скопје

24/05/2025  15:30

Утре, 25.05.2025 година во пресрет на вежбата „Immediate Response 25” воените оркестри од армиите на Република Северна Македонија и Вермонт, САД, ќе одржат едночасовен концерт во Парк на Франкофонија во Скопје, со почеток во 12 часот.

Како дел од армиската соработка на двете сојузнички армии, пред почетокот на поголемите вежбовни активности воените оркестри традиционално одржуваат заеднички
концерти.

Потврдувајќи го тридецениското пријателство во духот на соработката реализацијата на заедничкиот концерт со армијата на Вермонт, дополнително ги зајакнува врските помеѓу двете сојузнички армии и држави.