
Метео анализа на Славчо Попоски:
Климатскиот феномен Ла Ниња под кое влијание сме во моментов, во следните месеци, односно во летните и есенските месеци повторно ќе добие на интензитет, односно ќе се интензивира. Што значи тое? Тоа значи дека во следните летни и есенски месеци ни следуваат нови нагли и големи метеоролошки промени, исто така, очекуваме и се по екстремни метеоролошки појави и временски непогоди.
Ова се однесува за целиот Балкан, вклучувајќи ја и нашата Република Македонија каде очекуваме почести врнежи следните месеци, како и се почести временски непогоди, кои за жал ќе бидат се по екстремни, и тоа поради климатските промени кои ни се случуваат.

Ла Ниња со себе ќе ни донесе и почести поладни продори од северот и од североистокот на Европа. Лето да, ќе имаме и ќе се оди на плажа, но според она што можам во моментов да го кажам во јавноста, е дека, екстремно топло лето во нашиот дел од Европа многу се мали шансите да има, што значи дека очекуваме по умерено топло лето, со не екстремно голема и долготрајна Африканска топлина.
Се на се, да се подготвиме за временските непогоди кои ни следуваат во следните месеци, и секако ,граѓаните да ги следат МЕТЕОАЛАРМ актуелните најави и предупредувања.