
Вчера, дваесетина минути пред полноќ часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.Д.(45) од охридското село Долно Лакочереј. При извршена сообраќајна контрола, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,10 промили алкохол во крвта, информираа од МВР.
Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.