Skip to main content
Хроника

Мајката и забранила да се гледа со дечкото, а тој објавил нејзини фотографии со експлицитна содржина

22/05/2025  14:50

Малолетник во Скопје објавил фотографии со експлицитна содржина од неговата девојка откако нејзината мајка и забранила да се гледа со него.

Според информациите на МВР, вчера во СВР Скопје, 42-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзината малолетна ќерка добивала закани од малолетник, со кој била во љубовна врска, а откако му кажала дека таа ѝ забранила да се гледа со него, на социјални мрежи објавил нејзини фотографии со експлицитна содржина.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.