Skip to main content
Хроника

Драма во Охрид: Се судриле, а потоа му ја скршил шофершајбната

22/05/2025  13:36

Охридската полиција информираше за инцидент во Охрид откако 37-годишниот Г.Н. од Охрид агресивно се однесувал кон вториот учесник во сообраќајна незгода која се случила вчера на улицата 15 Корпус во Охрид.

„Г.Н.(37) од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вториот учесник во незгодата, Г.К.(71) од Охрид, по што го оштетил предното возачко стакло од неговиот автомобил. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, објави СВР Охрид.