
Вчера во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.З.(45) од Куманово поради сомнение дека од приватен имот на улица „Косовски бригади“ во Куманово одзел пари.
Тој бил приведен во полициска станица, парите биле пронајдени и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштија од полицијата.