Skip to main content
Македонија

Синот на Мицкоски матурираше, премиерот му порача дека од октовмри го чекал на Машински

21/05/2025  20:23

Синот на премиерот Христијан Мицкоски вечерва ја има својата матурска вечер.

Во објава на социјалните мрежи премиерот му ја честиташе матурата на својот син.

„Синко среќна матура и добредојде во новото поглавје преполно со предизвици. Секогаш со свои сили минувај низ сите препреки, нема да е лесно, ќе биде тешко, но сигурен сум дека ќе ги совладуваш. Од Октомври се гледаме на Машински“ стои во објавата на Мицкоски.

Инаку Мицкоски е професот на Машинскиот факултет во Скопје, каде професор беше и неговиот татко, па ако синот на премиер навистина се запише таму, тогаш три генерации Мицкоски по ред ќе студираат на тој факултет.