
Уште една важна политичка фигура се дистанцира од блискиот круг на лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари. Поранешната потпретседателка на партијата, Бујаре Абази, денес беше избрана за нова претседателка на Комисијата за хартии од вредност.
Именувањето беше изгласано во Собранието со 59 гласа „за“, а Абази во својата прва изјава по назначувањето изрази благодарност до повеќе претставници на актуелната власт – меѓу кои Арбен Фетаи и Азир Алиу – без да го спомене Таравари.
Овој потег, како и нејзиното јавно дистанцирање од тековното раководство на АА, се толкува како потврда за нејзиниот избор на нов политички правец. Именувањето на Абази се случува во период кога Алијансата за Албанците се соочува со внатрешни несогласувања и кадровски турбуленции.