Општина Кисела Вода доби благодарница за успешна соработка со полицијата

Благодарница за успешната плодна соработка, доби градоначалникот на општина Кисела Вода Филип Темелковски од страна на командирот на ПСОН Кисела Вода Љупчо Ѓурчевски, по повод Денот на полицијата, 7 Мај.

Во просториите на Општината тие остварија средба на која дискутираа за досега сработеното, како и за она што во моментов е најактуелно, преземените заеднички чекори за справување со ширењето на Корона вирусот и заштитата на граѓаните.

Градоначалникот Темелковски ја потенцираше својата подготвеност за понатамошна соработка, како и за планираните заеднички проекти со полицијата, со цел поголема безбедност, нејзино доближување до граѓаните и стекнување на поголема доверба во институциите на системот.

Треба да знаете
Последни објави