
На 18.05.2025 во 08.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Е.А.(31) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена е марихуана. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Лишен од слобода возач во Куманово затоа што управувал возило под дејство на алкохол
На 18.05.2025 во 01.41 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода Н.И. (28) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај констатирано е дека управувал патничко возило „форд” под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.73 промили алкоохл во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.