
Во групата „Општина Аеродром – Граѓанска патрола“ на Фејсбук, објавени се фотографии од граѓанин кој непрописно одлага отпад во и покрај контејнери во населбата Ново Лисиче.
„Пријава од Анонимен член: Фатен на дело граѓанин кој несовесно и несоодветно одлага габаритен отпад во контејнери за комунален, предизвикувајќи голем проблем со капацитетот. После празнењето на цел пикап, нормално е сето ѓубре да заврши покрај контејнерите…

Локација: Ново Лисиче на првиот влез од пералните према бензинската. Таблицата е заматена со цел да се сочува анонимноста, но истата е достапна за инспекциските служби на Општина Аеродром кои може да постапат по оваа пријава“ се наведува во објавата.