Софија Вергара во танга на фотографија од 90-тите

Актерката Софија Вергара (47), ѕвезда на серијалот „Модерно семејство“, воодушевува со својот изглед во петтата деценија од животот. Таа редовно објавува фотографии од нејзиниот приватен живот, а понекогаш се сеќава на времето кога красела бројни насловни страници. Таа сега објави фотографија од плажа во Мајами, која е направена во 90-тите години на минатиот век.

Вергара на фотографијата позира во топлес, истакнувајќи го задникот во танга и покривајќи ги своите бујни гради со рацете.

https://www.instagram.com/p/CAMZy7DljIt/

Нејзините многубројни обожаватели се воодушевени што објавува фотографии од помладите денови.

„Веќе неколку пати ја објавивте оваа фотографија и сè уште не сме и се нагледале доволно“, коментираа тие. По се изгледа најомилени и се фотографиите од 90-тите години, особено од Мајами, затоа што објавува секоја недела по една.

Нејзиниот сегашен сопруг Џо Манганиело (43) еднаш призна дека му било непријатно да ја запознае Софија затоа што бил фасциниран од нејзината убавина. Тие се запознале во 2014 година, се венчале една година подоцна, а денес се една од најомилените холивудски двојки.

Треба да знаете
Последни објави