Skip to main content
Спорт

„Така се бранат македонските бои“: Силјановска Давкова за успехот на РК Алкалоид

19/05/2025  09:43

Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова им ја честиташе победата на ракометарите на Алкалоид кои синоќа славеа на гостувањето кај АЕК во Атина со 29:25.

– Честитки за витешката ракометна битка и победа на „Алкалоид“ над „АЕК“ во првиот натпревар на Европскиот куп.

Горда сум на победниците!

Особена благодарност до тренерот Кире Лазаров и главниот спонзор Живко Мукаетов!

Така се бранат македонските бои!

Триумфално влеговте низ портата на победата. Излезете низ неа со пехар в раце – напиша Силјановска Давкова на својот Фејсбук профил.

Реваншот во СЦ „Борис Трајковски“ Скопје ќе се игра на 25 мај.