Пробиштипјанец со нож ја ограбил охридската пошта

Полицијата го откри идентитетот на разбојникот кој ограби екпозитура на Македонска пошта во Охрид, информираше СВР Охрид.

-На 14.05.2020 година, околу 12.30 часот, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, во СВР Охрид  приведен е Д.С.(37) од Пробиштип, со постојано место на живеење во Охрид. Приведувањето е извршено откако, во СВР Охрид е добиено телефонско известување за стореното казнено дело извршено во експозитурата на „Македонски пошти“ во Охрид, зад Мини маркетот., велат од полицијата.

Според пријавеното,  околу 12.20 часот, во експозитурата влегол, за вработените непознат маж, кој со остар предмет во раката се заканал и побарал да му бидат предадени пари.

Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави