
Швајцарските власти денеска евакуираа околу 100 луѓе од нивните домови во алпското село Блатен, во долината Лотшентал во кантонот Вале, поради опасност од одрони.
Евакуацијата беше мирна и уредна, рече локалниот портпарол.
– Сите можеа да најдат приватно сместување кај роднини или пријатели или во други хотели. Погодените туристи беа преместени во блиските хотели, додаде тој.
– Постои голем ризик од одрон на камења, истакна портпаролот, мислејќи на блиската планина Клајне Несхорн и глечерот Бирч. Привремено се затворени и неколку пешачки патеки и патишта.
Не е јасно кога жителите ќе можат да се вратат во своите домови, но веројатно не пред вторник.